Бирање дел од мапа кој некој сака да ја зачува како oфлајн, па преземање на уредите е многу едноставно и не одзема многу време
Навикнавме дека сè е на интернет, а се случува во текот на патување да ни се изгуби сигналот од мобилниoт телефон, па да останеме без конекција што е непријатно доколку за снаоѓање користите онлајн мапа.
Google Maps за среќа има опција која овозможува делови од мапа да се симнат и да се користат офлајн.
Сигурно е дека преземањето на мапа не е неопходно секој ден, но корисно е кога Google Мaps се користи во областите кои не ни се познати.
Оние кои деловите од Google maps ги презеле додека имале интернет, можат да ги користат и кога ќе останат без сигнал.
Тоа што треба да се мисли пред мапата да се преземе е колку слободен простор имате во телефонот затоа што тоа може да ви заземе меѓу 500 MB и 2 GB, во зависност од тоа колкава е областа којашто ја преземате.
Мапата од урбани простори на пример бара повеќе меморија во телефонот поради тоа што има многу објекти на неа.
Се препорачува преземањето мапа да се напрaви кога сте поврзани на Wi-Fi конекција за да не потрошите многу од мобилниот интернет.
За да преземете мапа потребно е да отворите Google Maps на телефонот и да кликнете на профилната фотографија која се наоѓа во горниот десен агол од екранот, а потоа Offline Maps.
Потоа доволно е да се избере Select Your Own Map, да се селектира областа која се презема и да се кликне Download.