Ги регистрираме последните пријави од компании учесници на Најголемиот регионален саем за вработување, кој ќе се одржи од 17-21 октомври 2022 година.
Голем број компании, реномирани работодавачи од Македонија и регионот ја препознаа вредноста од учеството на овој најголем Employer Branding настан и веќе се подготвени за да ги отворат своите врати и да се претстават пред работобарателите во текот на 5-те саемски денови.
Employer branding досегот на саемот кој се одржа минатата година изнесува над 7.200.000 корисници/потенцијални кандидати и е постигнат благодарение на богатата маркетинг кампања во Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Словенија.
Минатогодишното издание на саемот забележа вкупно 583.540 посети, 1.166 огласи поставени од повеќе 150 компании и 49.286 апликации, а овие бројки несомнено го посочуваат саемот како неизбежно место за средба на истакнати работодавачи и работобаратели и го прават најголем настан од ваков тип во регионот.
Кои компании од Македонија ќе бидат учесници на саемот?
Во периодот од 17-21 октомври ќе имате можност виртуелно да ги посетите штандовите на Македонски Телеком, Алкалоид, ЛИДЛ, НЛБ Банка, Костал Македонија, Gerresheimer, Магна Аутомотив, Кромберг и Шуберт, Жикол, Нептун Македонија, Микросам, Strabag, Кроација Осигурување Живот, Мајорел, Вабтек МЗТ, Адиент Аутомотиве Штип и Струмица, Маркарт Македонија, Лакталис, Лионед Груп, Agile Pro Solutions, Data Masters, Леорон и други. Работници од Македонија ќе бараат и регионални компании, а дел од нив се Joorney, Pure Storage и Ingosoftware од Србија и Maistra Hospitality Group и Jadranski Luksuzni Hoteli од Хрватска.
Подгответе се да ја најдете вашата работа од соништата, со само еден клик!
Откако ви дадовме увид во овогодинешните учесници на Регионалниот саем за вработување, ви подготвивме и неколку трикови за успешно онлајн интервју, кое ќе имате можност да го направите и на самиот Регионален саем.
Покрај квалитетната понуда на огласи за работа и добро познатите елементи преку кои можете да дознаете повеќе за компанијата, бенефициите кои ги нуди, искуствата на нивните вработени, можете и да ѕирнете во атмосферата на компанијата преку галерија и видео, и да разговарате директно со претставник од компанијата преку опцијата Chat, од годинава имаме и нова рубрика.
Станува збор за рубриката „Настани“, во која на едно место ќе ги собереме интересните и актуелни настани што ги нуди пазарот на труд. Во рамките на овој дел, ќе можете да најдете интересни приказни за компаниите учесници кои ќе ви дадат подобар увид во нивната деловна политика, работна средина, начинот на кој работат, бенефициите што ги нудат на своите вработени како и кадарот што го бараат. Покрај интересните статии, ќе можете да ги најдете и нашите вебинари во овој дел.
Содржината на делот „настани“ ќе ви помогне подобро да се подготвите за комуникација со работодавачите и да се истакнете меѓу конкуренцијата.
Сега е време за нова (подобра) работа!
Пронајдете ја од 17-21 октомври на www.regionalensaemzavrabotuvanje.com
За дополнителни информации и резервација на штанд, посетете ја веб-страницата на саемот или контактирајте директно:
Каролина Апостоловска
+38977983837
karolina@vrabotuvanje.com.mk