Како би постапиле вие во ваква ситуација?
Девет членови на активистичката група Scientist Rebell влегле во салонот на Autostadt, односно во музејот и изложбениот салон во фабриката на Volkswagen во Волфсбург, се намачкале со лепак и седнале на подот помеѓу изложените автомобили.
Фотографиите набрзо се проширија на социјалните мрежи.
Тоа беше нивен протест и тие се промовираат како „група научници кои се подготвени да ја кажат вистината за климатските промени и да дејствуваат според неа“. Но, во овој случај, активистите биле изненадени од реакцијата на вработените, кои го исклучиле парното, ја заклучиле вратата и си заминале дома по работниот ден. Членовите на групата Scientist Rebell се огласија на Твитер за ситуацијата.
Тие напишаа дека „вработените не им дадоа ниту чинија да уринираат, а ноќта беше студена и темна“ и ги обвинија работниците дека ги занемариле основните потреби на демонстрантите.
Еден од демонстрантите, Џанлука Грималди, напоменал дека дел од демонстрантите штрајкуваат со глад додека не се исполнат нивните барања за декарбонизација на германскиот транспортен сектор, односно бараат намалување на емисиите на CO2 во атмосферата.
„Не можеме сами да си нарачаме храна, мораме да јадеме што ни дава Фолксваген. Изгаснати светлата. Случајни ненајавени проверки од обезбедувањето со светлечки ламби…“, напишал тој.
Имено, активистите го прозиваат Фолксваген, еден од најголемите производители на автомобили во земјава, бидејќи сакаат да ја засилат борбата против загадувањето. Фолксваген јавно вети дека ќе помогне да се направат чекори кон позелена иднина.
Together with 15 other members of @ScientistRebel1 I have occupied the Porsche pavillion at @Autostadt, 9 of us glued to the floor and some of us on hunger strike until our demands to decarbonise the German transport sector are met
Aktualno
- Оценките за девојчињата веќе нема да се пишуваат исто како и за момчињата: Наместо „одличен“ ќе пишува „одлична“
Оценките за девојчињата веќе нема да се пишуваат исто како и за момчињата: Наместо „одличен“ ќе биде „одлична“. Ова е наведено во одредбите од Законот за родова еднаквост, кои се однесуваат на спроведување на обврската за родово сензитивен јазик во медиумите, како и во областите на образованието и науката, каде што ќе бидат пропишани казнени одредби во случај на прекршување на оваа обврска, таа почна да се применува неодамна.
- Овие земји даваат државјанство на сите: Има само еден услов
Пет земји на Карибите нудат државјанство на доселениците, под услов: да купат недвижен имот или да инвестираат пари.
- Пензиите во Европа: Кои земји се најдобри и најлоши за пензионирање?
Има значителни разлики во висината на пензиите низ Европа. Помалку од половина од Европејците веруваат дека ќе имаат доволно пари за да живеат во пензија, што е загрижувачка бројка.
- Нема веќе саем на автомобили во Женева – се откажува по 119 години
Познатиот саем со стогодишна традиција се сели во Катар.
- Во која скопска општина најмногу се склучуваат бракови?
Во првиот квартал годинава живородени се 3.632 деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е намален за 0,7 проценти.
- Странски искуства: Како да се подобрат условите и правата на граѓаните поврзани со домувањето?
Од високи ќирии до нерегулиран престој. Потстанарите во земјава се соочуваат со низа проблеми, констатираат од Организацијата за домување и станари (ОДС) и Фондацијата Фридрих Еберт.