Нема да ви се верува како се живее во Катар
Катар се наоѓа во Југозападна Азија и се смета за една од најбогатите земји во светот. Сепак, ниту целото богатство на светот не може да им купи изворска вода, која во Катар ја нема, пишува Стил.
Светското првенство во фудбал годинава се одржува во Катар, па оваа земја ни стана исклучително интересна.
Еве 10 интересни факти за Катар кои прилично ќе ве изненадат и шокираат:
1. Катар е опкружен со пустина, оваа земја е создадена во пустина, поради што немаат свежа вода, па мора да дестилираат морска вода за да имаат вода за пиење. Поради сето ова, чистата вода е најскапиот пијалок во Катар.
2. Моќта е во рацете на емиратите со децении. Овде владее апсолутна монархија, а Домот на Тани владее со Катар од 1868 година по завршувањето на војната Катар-Бахреин. Сегашниот емир е Тамим бин Хамад ал Танин, кој владее со земјата од 2013 година. А неговата мајка Моза, втората сопруга на шеикот Хамад е веројатно најбогатата жена во светот со богатство проценето на над 15 милијарди долари.