Во поштенските сандачиња низ земјава започнаа да пристигнуваат сметките за струја. Дали го забележавте намалувањето?
Владата во текот на целата енергетска криза со 73% ја субвенционира цената на електричната енергија која ја плаќаат граѓаните, а сега преку информативната табела тоа може појасно да се види. Во информативната пресметка е прикажано колку би изнесувале сметките доколку Владата не ја субвенционираше цената на електричната енергија.
Можеби ќе ве интересира: Од јануари поевтина струја, но само за одредени домаќинства
Согласно пресметката едно домаќинство кое плаќало 2000 денари за електрична енергија, без субвенцијата на Владата би плаќало околу 3455 денари односо 1455 денари повеќе, додека пак семејство кое плаќало 5000 денари за електрична енергија, без субвенцијата сметката би достигнала 8638 денари или над 3600 денари повеќе.
Со правилното менаџирање и правењето баланс меѓу справувањето со кризата и основните функции на државата, граѓаните успеаја да добијат енергија и тоа да не биде на грбот на семејниот буџет.
извор: centar.mk