Европскиот парламент даде конечно одобрение за задолжителна примена на нулта стапка на емисија на штетни гасови од новите автомобили и комбија од 2035 година, што значи дека за 12 години отсега повеќе нема да може да се продаваат нови возила на бензин или дизел.
Новите стандарди за емисија на CO2 од автомобилите и комбијата се дел од законскиот пакет „Подготвени за 55“, а се поддржанни со 340 гласови за, 279 против и 21 воздржан.
„Со оваа уредба се поттикнува производство на возила со нулта и ниска емисија. Тие цели ги поттикнуваат производителите на автомобили да иновираат и да инвестираат. За потрошувачите тие возила со нулта емисија ќе бидат попристапни, а побрзо ќе се развие и пазарот за половни возила. Така одржливиот превоз ќе стане достапен за сите“ велат од ЕУ.
Можеби ќе ве интересира: Кои половни автомобили на пазарот најчесто имаат враќана километража?
За 12 години отсега повеќе нема да може да се продаваат нови дизелаши и бензинци, туку исклучиво нови возила со нулта емисија на штетни гасови. Таргетот за намалување на емисијата на штетни гасови е 55% за автомобилите и 50% за лесните товарни возила.
Во пракса, тоа значи дека новите автомобили и комбија на пазарот повеќе нема да смеат да емитуваат јаглерод диоксид, но од патиштата нема да ги снема автмобилите со мотори со внатрешно согорување. Граѓаните и после 2035 година ќе можат да ги возат своите класични автомобили, па и да купуваат половни.
Извор: inovativnost.mk