Унгарскиот уметник Ѓерѓели Дудас, попознат како Дудолф, секогаш нè воодушевува со интересна криенка која брзо станa хит на Интернет.
Овој пат решил да нацрта куп патки кои уживаат покрај водата и во неа, а на некои им нацртал и чаши и додал машна.
Сепак, нека не ве мешаат деталите, бидејќи токму тоа му е целта.
Дудолф сокрил и едно пиле во морето од патки, кое не е лесно да се најде, бидејќи е жолто како и сите патки.
Затоа, сконцентрирајте се и обидете се да го надминете сегашниот рекорд од 18 секунди.
Ако ви треба помош, фокусирајте се на левиот дел од илустрацијата.
Ако не можете да го најдете, погледнете го решението подолу.