ЈСП Скопје информира дека Жичарницата нема да работи утре (16.08.2023) во период од 10.30 до 11.30 часот.
- Едночасовниот прекин на работа на објектот ќе биде поради најавена интервенција во електродистрибутивната мрежа од страна на ЕВН, информираат од ЈСП Скопје.
По 11.30 часот, објектот ќе продолжи да функционира вообичаено, до 20 часот.
- од 19-19.30 часот е последно возење од долу кон врвот, додека во 19.45 часот е последно возење од врвот надолу, соопшти претпријатието.