Цените на становите во Скопје во изминатиот период значително пораснаа, за што говорат и многубројните огласи од кои може да се види дека стан во скопска Железара се продава за 1200 за метар квадратен, а во централното градско подрачје цените одат и над две илјади евра.
На македонските социјални мрежи на кои граѓаните можат да огласуваат продажба на разни работи меѓу кои и недвижнини, вниманието го привлече оглас за продажба на стан во Солун, во кој сопственикот продава 100 метри квадратни стан по цена од 110 илјади евра.
„Солун се продава стан од 100 м2.
Во центарот на Солун (пред плоштад Антигонидон) се продава стан од 100 м2 без лифт на 1 кат, се состои од дневна, посебна кујна, 2 спални соби и 1 остава. Има парно преку клима но има можност за приклучување на природен гас.
Делумно е реновиран. Покрај тоа, станот е транспарентен и е многу светол.
Идеален избор и за сопственик и за инвестиција.
Цена 110,000€“, се вели во огласот.
Во коментари Македонците навалија со критики и негодувања на цените во Скопје и Македонија.
„Центар на Солун 1100 евра од квадрат а во Скопје 2300 евра и дури и не е ни во строг центар. Италија 1000-1200 евра од квадрат до море, Скопје - знаете веќе. Скопје излегува како најскап и најелитен град во Европа за живеење а е дупка“, гласи еден од коментарите на граѓаните.