Еден работодавач неодамна сподели неколку теми кои би сакал кандидатите да ги избегнуваат во своите резимеа, пишува порталот „Мирор“, пренесува Пословни.хр.
Директорот на една компанија објасни дека добива многу апликации од помлади луѓе за позиции во компанијата со која раководи, што често им е прво искуство во светот на работата.
„Иако разбирам дека многумина ја бараат својата прва работа, што е одлично, посакувам да престанат да вклучуваат приватни здравствени информации во пропратно писмо или за време на интервју. Не можам да ви кажам колку често мотивационите писма или интервјуата вклучуваат откривање на некоја дијагноза за ментално здравје. Тоа е несоодветно и ме става во непријатна положба. Чудно е да се научи нешто толку лично за личност со која се среќавам првпат и поради тоа се прашувам дали можам да и верувам на чувствителни информации“, вели тој.