Министерството за економија на 2-ри април годинава го објави конкурсот за издавање на потврда за одмор на работници чии семејни приходи не надминуваат 22.000 денари, а според последните информациии од министерството на повикот се пријавиле околу 835 лица.
Право на учество на јавниот повик имаат сите физички лица кои се вработените и и нивните месечни примања во семејството не надминуваат нето износ од 22.000 денари.
Целта на овие проекти е да им се овозможи на лицата со ниски приходи да искористат годишен одмор и во исто време да им се помогне на туристичките центри во зголемување на обемот на работа надвор од туристичка сезона, се наведува во јавниот повик.
За користење на мерката може да се аплицира до крајот на месецов, а потврдата од 15.000 денари ќе се издава по принципот “прв дојден, прв услужен“. Истата може да се искористи најдоцна до 30 ноември 2018 година во угостителските објекти од пријавените за сместување.