![Еве кога ќе може да се патува накај Грција](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/15/c6205951-resize-820x0x100.jpg)
Со заедничка одлука на министрите, Грција во средата ги продолжила рестриктивните мерки, забрана за патување, кои се однесуваат на воздушниот и морскиот сообраќај од странство.
Според одлуката на Министерствата за здравство, внатрешни работи и цивилна заштита, која во текот на денот ќе биде објавена во Службениот весник, летовите во/од Турција, Велика Британија, Холандија, Шпанија, Италија и Германија ќе бидат забранети до 15-ти мај, 2020-та година, до 15 часот, додека летови од/во Германија се дозволени само на Меѓународниот аеродром во Атина.
На држвјаните од останатите земји, во кои спаѓа и Македонија, нема да им биде дозволено да одат во Грција до 18-ти мај, 2020-та година. Според Шенгенскиот споразум, забраната не се однесува на државјаните во Европската унија.