Се укинуваат двата контролни теста со кои се докажуваше дека пациент веќе нема Ковид-19 и беа услов за тој да излезе од изолација, најави министерот за здравство Венко Филипче.
- На состанок на Комисијата за заразни болести усвоивме нов протокол за ослободување од изолација. Нема да бидат потребни повторени испитувања. МАНУ реализира повеќе од 10.000 тестирања и се покажа дека пациенти со коронавирус што немаат симптоми не ја пренесуваат болеста по 10 дена, а кај оние со симптоми по 20 дена нема опасност од пренесување - рече Филипче.
Матичните лекари ќе ја следат состојбата на пациентите зашто, меѓу другото, ги добиваат и резултатите од тестовите. Новите правила треба да важат за неколку дена.
Филипче, исто така, објасни дека сега откако се почнати закажувањата на прегледи преку системот „Мој термин“, пациентите што ќе одат во здравствени установи мора да ги почитуваат протоколите за заштита од вирусот. Во установата ќе влезат 15 минути пред почетокот на прегледот, а со нив може да има само уште едно лице.
Веќе нема да се прават контролни тестови за Ковид-19, за преглед во болница ќе се влегува 15 минути пред да почне
Aktualno
-
Зошто е добро да барате работа преку лето?
Ако барате (подобра) работа летниот период е вистинското време за да ја постигнете целта
-
ОГЛАС ЗА ПРАЗЕН СТАН ГИ БРАНУВА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ВО СОСЕДСТВОТО: 500 евра, па колку би чинел станот ако е наместен?!
Како што пишуваат соседите, некои станоиздавачи се толку арогантни што бараат големи суми дури и за ненаместени станови.
-
1000 евра плата за овчари ама ги нема!
Се увезуваат овчари од Албанија
-
Куќни помошнички нема ни за лек!
Се помалку жени одлучуваат да ја работат оваа работа
-
607 станови почнале да се градат во Март во Скопје
Во првите три месеци од годинава биле издадени 974 одобренија за градење на станбени згради со вкупно 2.579 станови.
-
ПОПЛАДНЕ ПОРОЕН ДОЖД И ГРМЕЖИ
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.