Ова е списокот на плати за 2019 година, што ја покажува просечната бруто заработка на најпопуларните занимања
Оваа година, Сојузната агенција за вработување во Германија објави список на плати во нивната земја, во која одат и многу граѓани од нашиот регион.
Ова е списокот на плати за 2019 година, што ја покажува просечната бруто заработка на најпопуларните занимања во Германија.
Медицинските сестри заработуваат 3.547 евра, пекарите 3.502, продавачот на пецива 1.839, багеристот 3.421, банкарските службеници 4.875, градежниот инженер 5.246, професионалниот возач 2.556, кровопокривачот 3.265, електричарот 3.143, електромеханичарот 3.694.
Платата на грнчар е 3.003 евра, фризер 1.684, водоводџија 3.056, касиер во продавница 2.214, келнер 1.934, готвач 2.84, ѕидар 3.14, тесар 3.153 евра.
Сепак, ова се износи што работникот не ги добива „на рака“, односно во целост, затоа што од тој износ прво треба да се платат даноци и придонеси на. Данок се плаќа и на црквата.
Висината на одземениот данок од плата зависи од даночната класа на работникот, а при пресметката, улога игра и тоа дали работникот е во брак или не, дали е самохран родител, колку деца има и други податоци.
Германците имаат шест даночни класи. Третата, на пример, се препорачува за сопружници од кои едниот партнер нема приход или има приход кој е многу помал, додека четвртата се препорачува за брачни парови кои заработуваат приближно еднакви плати. Колку е поголема платата, толку е поголема разликата во промената на даночните класи.
На нето-платата во Германија влијаат повеќе фактори - од даночната класа до бројот на деца, црковниот данок и осигурувањето. Ако некој има бруто плата од 3.000 евра, неговата нето-плата во првата даночна класа би била 1.938 евра, во втората 1.991, во третата 2.226, во четвртата 1.938, во петтата 1.575 и во шестата 1.533 евра.
Германија исто така има утврдена минимална цена по работен час. На почетокот на оваа година, цената беше зголемена од 9,19 на 9,35 евра за работен час. Минималната саатница која беше воведена во 2015 година, изнесувала 8,50 евра. Оттогаш постојано расте, а до средината на 2022 година, според проценките, се очекува да изнесува 10,45 евра.