Просечната нето-плата во ноември 45.961 денари
Актуелно

Просечната нето-плата во ноември 45.961 денари

1/21/2026

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2025 година, изнесувала 45 961 денар и во однос на истиот месец лани е повисока за 9.4 %, објави Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 16.5 %, Дејности на здравствена и социјална заштита за 11.1 % и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 10.9 %.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување за 3.5 %, Административни и помошни услужни дејности за 2.2 % и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 1.2 %.

Просечната месечна исплатена бруто-плата, пак, во ноември 2025 година изнесувала 69.141 денари.

Споредете ја вашата плата сега на ЛИНКОТ, или пробајте ја алатката бесплатно ТУКА (за компании)