Македонскиот пазар на труд под рендген: Кои професии се на цена, а кои заминуваат?
Актуелно

Македонскиот пазар на труд под рендген: Кои професии се на цена, а кои заминуваат?

7/13/2025

Анализата на Vrabotuvanje.com, најпосетуваниот сајт за огласи за работа, ги открива најбараните категории и скриените сигнали за економските и општествените промени во првите 6 месеци од 2025 година – споредено со истиот период во 2023 и 2024. Каде се бара најмногу кадар? Каде опаѓа интересот? Кои сектори се стабилизираат, а кои експлодираат?

Направената анализа се однесува на објавени огласи по категории во првите 6 месеци од годината а споредено со две години наназад. Ги споредивме трендовите во 2025 со оние од 2024 и 2023 година и еве ги заклучоците:

Од податоците се гледа значаен раст на објавени огласи (7500 на 9500) од 2023 до 2024 (околу +25%), а потоа блага стагнација во 2025 (намалување од -0.24% во однос на 2024), што може да значи стабилизирање по период на интензивна побарувачка или ограничување на вработувањата во одредени сектори.
Ако го собереме пак бројот на апликаци за првите шест месеци од овие три години на сајтот пристигнале повеќе од половина милион пријави на кандидати.

Детален приказ по категории:

• Државна служба и непрофитни организации бележат импресивен раст на огласи во првите 6 месеци дури 519 во 2025 година, што покажува силна активност, зголемена потреба од кадар според аналазите, но реална ситуација вели дека секоја промена на власт си носи потреба постоечкиот кадар од една да се замени со кадар од владејачка партија а и изборните години секогаш носат отворени позиции во јавната администрација а токму 2025 е изборна година.

• Фармацијата и биотехнологијата забележуваат раст од 69% во однос на 2024 (и речиси три пати повеќе од 2023 година, што укажува на зголемена побарувачка за специјалисти во здравствениот сектор но и отварaње на нови лаборатории, аптеки а од друга страна и голема флуктуација на работна сила но и недостаток на истата заради иселување во странство.

Маркетинг, ПР и медиуми бележат значителен раст од 59% (од 117 на 186 огласи) во споредба со претходната година, што сугерира зголемување на активноста во комуникациски сектор, очигледно компаниите сериозно почнуваат да сфаќаат дека маркетингот не е трошок туку сериозна инвестиција. Во подем е потребата од брендирање на работодавачи па компаниите активно отвараат Емлоер брендинг сектори за привлекување на нововработени но и задржување на постоечкиот кадар.

• ИТ и телекомуникации имаат благо зголемување од 7% (од 504 на 540 огласи) во однос на 2024, но сѐ уште бележат пад од околу 38% во однос на 2023 (866 огласи), што сигнализира стабилизација и прилагодување на секторот на новите услови.

 •  Човечки ресурси – Пад од 50% за две години

Ова може да значи неколку работи:

• Голем дел од HR процесите се автоматизираат (ATS алатки, outsourcing).

• Компаниите наместо нови HR кадри, обучуваат интерно или делегираат на менаџери.

• Намалена побарувачка за „чисти“ HR позиции – повеќе се бараат хибридни улоги (HR + recruitment + employer branding).

• Производството се соочуваат со континуиран пад: од 806 во 2023, на 702 во 2024, до 615 во 2025 – што претставува намалување од 12% годинава и 24% на тригодишно ниво. Ова ја нагласува потребата од реструктурирање или недостиг на обучена работна сила во овој сектор, но и фактот што се повеќе се поминува кон автоматизација на одредени процеси.

• Менаџментот бележи пад од 26% (од 417 на 310 огласи), што може да укажува на намалена понуда или поголема конкуренција за лидерски позиции.

• Административните професии бележат пад од 42% (од 837 на 488) споредено со 2024, и 9% пад од 2023 – што укажува на трансформација во организациските структури автоматизација и прераспределба на ресурси.

• Градежен сектор: Градежниот сектор и покрај флуктуациите во бројот на огласи (раст  од 2023 до 2024 и пад од 33% во 2025) се соочува со недостаток на локална работна сила, што често ги принудува компаниите да бараат кадар од странство. Овој увоз на работници може да објасни зошто бројот на огласи не расте во ист ритам како претходната година – едноставно, компаниите ги пополнуваат позициите со увозен кадар наместо со нови огласи. Дополнително, нерегуларната понуда на квалификувани работници создава притисок за поскапи плати и побарувачка за поефикасни решенија, како обука и автоматизација на дел од процесите.

• Туризам и угостителство, традиционално еден од водечките сектори, бележи благо намалување од 3% (од 870 на 845 огласи) во однос на 2024, но и понатаму останува со висок број на активни огласи, одраз на важноста на секторот во македонската економија.

• Продажба (Трговија), најголемата категорија, бележи пад од 9% (од 2925 на 2663 огласи), но останува најактивен сектор со илјадници огласи.

• Складирање и логистика: Пад од 15% во 2025 во однос на 2024, и 7% пад во однос на 2023. Веројатно е резултат на подобра интерна организација, зголемена ефикасност и автоматизирани процеси како и намалена мобилност или трошоци за логистика.

• Финансии и сметководство: Благ и стабилен раст – 1.2% од 2024 до 2025 и 10.5% од 2023. Побарувачката е константна, со зголемена вредност на прецизни и сертифицирани кадри.

Анализата на пазарот на трудот за првите шест месеци од 2025 година открива структурна промена во потребите на работодавачите. Забележлив е пораст на побарувачката за кадар во сектори како државна служба, фармација, ИТ и маркетинг, што укажува на јасен фокус кон дигитализација, здравствени услуги и стратешки комуникации.

Истовремено, опаѓањето на бројот на огласи во административните, HR и производствените категории сигнализира дека традиционалните улоги или се автоматизираат или се преформулираат во нови, мултидисциплинарни позиции.

Овој тренд бара прилагодување – и од поединците, преку надградба на вештини, и од компаниите, преку стратешко позиционирање на кадарот во согласност со променливите барања на пазарот.

Извор на податоци: Сајт Vrabotuvanje.comАлма Кариер Групација