Седум продолжени викенди ќе ни донесе 2026 година - Ова се сите неработни денови
Актуелно

Седум продолжени викенди ќе ни донесе 2026 година - Ова се сите неработни денови

11/12/2025

Претстојната 2026 година ќе ни донесе повеќе продолжени викенди од годината која ќе ја испратиме за неполни два месеци.

Погледнете кои денови ќе бидат неработни, а кои се продолжени викенди! 

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија, во 2026 година неработни денови се:

За сите граѓани на РМ:

  • 1 јануари (четврток), Нова Година,
  • 7 јануари (среда), Божиќ, првиот ден на Божиќ според православниот календар,
  • 20 март (петок), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам.
  • 13 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,
  • 1 мај (петок), Ден на трудот,
  • 24 мај (недела), „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители, односно 25 мај (понеделник) е неработен ден,
  • 2 август (недела), Илинден, односно 3 август (понеделник) е неработен ден,
  • 8 септември (вторник), Ден на независноста,
  • 11 октомври (недела), Ден на народното востание, односно 12 октомври (понеделник) е неработен ден,
  • 23 октомври (петок), Ден на македонската револуционерна борба,
  • 8 декември (вторник), „Св. Климент Охридски“.

За граѓаните од православна вероисповед

  • 6 јануари (вторник), Бадник, ден пред Божиќ,
  • 19 јануари (понеделник), Богојавление (Водици),
  • 10 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,
  • 29 мај (петок), Духовден, петок пред Духовден,
  • 28 август (петок), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед

  • 6 aприл (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,
  • 1 ноември (недела), Празникот на сите светци,
  • 25 декември (петок), првиот ден на Божиќ.

За граѓаните од муслиманска вероисповед

  • 27 мај (среда), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам.

За граѓаните припадници на албанската заедница

  • 22 ноември (недела), Ден на албанската азбука.

За граѓаните припадници на српската заедница

  • 27 јануари (вторник), Свети Сава.

За граѓаните припадници на ромската заедница

  • 8 април (среда), Меѓународен ден на Ромите.

За граѓаните припадници на влашката заедница

  • 23 мај (сабота), Национален ден на Власите.

За граѓаните припадници на еврејската заедница

  • 21 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур.

За граѓаните припадници на бошњачката заедница

  • 28 септември (понеделник), Меѓународен ден на Бошњаците.

За граѓаните припадници на турската заедница

  • 21 декември (понеделник), Ден на настава на турски јазик. 

Извор: skopjeinfo.mk