Во Македонија минималната плата е најниска во регионот, нешто над 400 евра, што е значително пониско од земјите како Црна Гора, Босна и Херцеговина и Србија. Од синдикатите бараат зголемување на минималецот на 500 евра, поради растот на трошоците и инфлацијата која изнесува околу 4,5% годишно.
Работодавците укажуваат дека минималната плата треба да се анализира во контекст на просечната плата и продуктивноста, а не само според номиналниот износ.
Србија планира да ја зголеми минималната плата на 550 евра од почетокот на 2026 година, со цел таа до 2028 година да достигне 650 евра. Во Србија околу 90.000 работници земаат минимална плата.
