Пазарот на трудот со широк распон на плати – од 30 до 300 илјади денари
Актуелно

Пазарот на трудот со широк распон на плати – од 30 до 300 илјади денари

10/3/2025

Најнови податоци за понудените плати во различни индустрии

Се повеќе компании во Македонија објавуваат транспарентни огласи со јасно наведена плата. Ова им овозможува на кандидатите полесно да се ориентираат, а на јавноста да види колкави се разликите во вреднувањето на трудот меѓу различни сектори.Според последните активни огласи, платите се движат од 30.000 денари за основни работни места, па сè до 300.000 денари за високо квалификувани инженерски позиции.

Во угостителството и трговијата доминираат плати меѓу 34.000 и 40.000 денари за келнери, шанкери, продавачи и помошен персонал. Во некои попознати барови и ресторани, платите достигнуваат и до 55.000 денари, а за менаџерски и супервизорски позиции се нудат околу 70.000 денари.

Во малопродажбата и логистиката, пак, платите главно се движат околу 35.000 до 40.000 денари, со исклучок за комерцијалистите каде се нудат износи над 65.000 денари. Производствените компании нудат поширок спектар – од 50.000 денари за заварувачи, преку 60.000 до 90.000 денари за CNC оператори, па сè до 80.000 денари за општи работници. Прехранбените технолози стартуваат од 60.000 денари.

Највисоките плати се резервирани за инженерите. Дипломиран машински инженер може да заработи меѓу 120.000 и 300.000 денари, што е дури десетпати повеќе од најниската плата за хигиеничарка.

Листа на актуелни понуди и плати

Овој преглед покажува колку е разновиден пазарот на трудот во земјава – со позиции што бараат минимални квалификации и обезбедуваат основен приход, но и со специјализирани улоги за кои компаниите се подготвени значително да инвестираат.