Мотоцентар и оваа година организираше заедничка дружба со членовите на Специјалната олимпијада
Актуелно

Мотоцентар и оваа година организираше заедничка дружба со членовите на Специјалната олимпијада

12/24/2025

Како општествено одговорна компанија, континуирано работиме на создавање позитивно и одржливо влијание врз заедницата во која делуваме.

15 години поддршка, 15 години заедничка мисија. Со гордост ги подржуваме Специјалната олимпијада на Северна Македонија. Во текот на овие години зедно преку спортот ја менуваме реалноста и создаваме можности за лицата со интелектуална попреченост. Со јасна определба за поголема инклузија, еднаквост и со општествена одговорност, веруваме дека секој човек заслужува шанса да напредува, да биде виден и поддржан. Токму затоа сме дел од ова движење, се препознаваме како компанија која промовира инклузија, еднакви можности и почит кон различностите.

Преку оваа иницијатива, ја потврдуваме нашата заложба дека корпоративните вредности не се ограничуваат само на деловниот успех, туку и на одговорното однесување кон општеството. Поддршката на Специјалната олимпијада претставува дел од нашата поширока стратегија за општествена одговорност и корпоративна етика.

И оваа година Моника Бошковска – Директор за маркетинг во Мотоцентар и Претседател на Специјалната Олимпијада на Северна Македонија, организираше прекрасна дружба за сите членови на Специјалната олимпијада, соработници и поддржувачи. Целта беше да ја заокружиме 2025 со заедничка дружба, да си честитаме за успесите и да потврдиме дека продолжуваме со исто темпо и во новата 2026 година.

Искрени честитики до сите атлети, тренери, волонтери и тимот на Специјалната олимпијада за нивната посветеност, инспирација што секојдбневно ја споделуваат со сите нас и постигнатите успеси во 2025 година. 

Со оваа активност, ја завршуваме годината со јасна порака за одговорност, вредности и долгорочна посветеност кон позитивни општествени промени. Продолжуваме заедно – затоа што инклузијата е вредност што ја движи иднината.