- Што претставува Experimentation Journey?
Успехот на А1 Македонија е предводен од нашите вработени, а секој од нас доаѓа со уникатни однесувања, искуства и таленти. Веруваме во нашите колеги, тие се срцето на нашата компанија.
За да ја постигнеме нашата стратегија и за да бидеме успешни во иднина, овозможуваме креативна работна средина и развиваме интерни програми што поттикнуваат љубопитност, преземање одговорност, учење и иновација, тимска работа и свесност во секој аспект од нашето дејствување.
Една од тие програми е Experimentation Journey, еден сосема поинаков, интерактивен и структуриран пристап за совладување професионални предизвици преку менување одредени однесувања во рамките на работната околина. Оваа програма е достапна за сите вработени на А1, со времетраење од 5 (пет) недели, каде што колегите имаат можност да експериментираат, да набљудуваат, да учат и да рефлектираат, а ние како тренери сме со нив од самиот почеток, сè до завршната фаза на програмата – вели Деспина Ралевска, постар специјалист за развој и поддршка на организациска култура, А1 Македонија.
- Како изгледа концептот на учење, динамика и содржина на оваа иницијатива?
Програмата е преубав спој меѓу професионален тренинг и искуства од реалниот живот, па оттука и нашите колеги ја оценија како доста интересна, забавна и лесна за примена во и надвор од рамките на работното време. За време на тренингот и додека течат 5-те недели на експериментирање, обезбедуваме простор и средина во која нашите колеги може комплетно да му се посветат на предизвикот, да бидат автентични и искрени во своите потреби за промена. Целта кон која сите се стремиме преку оваа програма е да станеме подобра верзија од себе, за себе и за својата работна околина, каде што преку мали чекори постигнуваме одредени промени преку рефлексија на емоции и однесувања. Експериментираме, тестираме и учиме и се ослободуваме од она што повеќе не ни служи - вели Маја Анчевска, експерт за аквизиција на вработени, A1 Македонија.
- Каков е интересот на вработените за еден поинаков начин на учење и развој?
Почетоците на која било програма секогаш наидуваат на одредени приспособувања од страна на експертите по човечки ресурси за да понудиме еден поинаков начин на учење, а воедно да охрабриме и да стекнеме доверба кај колегите дека воведуваме нови перспективи за развој. Со задоволство можеме да кажеме дека повеќе од 120 колеги годинава беа дел од програмата што нас, тренерите и целиот оддел за човечки ресурси, нè прави горди и благодарни за можноста да бидеме дел од нивната приказна, а истовремено и ние да растеме заедно со нив. Љубопитноста на останатите колеги веќе станува сè поголема за програмата, па оттука плановите за 2026 година се амбициозни, во насока да вклучиме уште поголем број колеги што се заинтересирани за нови искуства – вели Вероника Николовска, специјалист за развој и ангажираност на вработените, А1 Македонија.
- Какви се вашите искуства како тренери?
Соодветна и квалитетна обука, долгогодишно искуство во областа на човечки ресурси, посветеност и почит спрема колегите, емпатија и комплетен фокус се пресудни на каков начин ќе се пренесе содржината и која порака би се пратила кон колегите. И ние, самите тренери, поминавме низ фаза на учење на материјалот, идентификување и совладување сопствен професионален предизвик, каде што исто така секојдневно експериментираме, тестираме, се менуваме и сè уште рефлектираме.
- Што значи успешно завршен H@C Experimentation Journey, кои се вредностите?
Ние велиме Success Story. Успешноста е индивидуална и релативна, сепак чекорот кон самостојно преземање одговорност за растење и развивање, приспособување кон промени и трансформација, видливи промени во однос на одредени однесувања кај себе и кон работната околина, би можело да се каже дека се дефиниција за успешност. Најголемата вредност што ја нуди оваа програма е тоа што е апликативна за сите аспекти од животот, па оттука нашите колеги ги охрабруваме да продолжат и понатаму да инвестираат во себе и да ги применат придобивките од стекнатото искуство што го нуди нашиот Experimentation Journey.
