Во Македонија има над 90 илјади невработени лица!
Актуелно

Во Македонија има над 90 илјади невработени лица!

3/3/2026

Податокот кој го објави Државниот завод за статистика кој покажува дека во Македонија има 90 илјади лица кои се пријавени во Агенцијата за вработување и чекаат нов ангажмен е неверојатен со оглед на фактот што во моментов има 10 илјади слободни работни места.

Неквалификувани, без образование, да не се изгубат социјалните примања од државата или висината на платата се главните причини што овие луѓе се без работа.

Во Македонија има речиси 710 илјади лица кои се во редовен работен однос. Ново вработување бараат 91 илјади граѓани. Стапката на невработеност изнесува 11,4 отсто. Тоа што најмногу загрижува е што во Македонија има 715 илјади лица кои се водат како неактивни, односно тие се невработени, не бараат работа а не се пријавени ниту во Агенцијата за вработување. Од друга страна податоците на статистичарите велат дека околу 90 илјади лица во земјава работат на црно.

„Од вкупниот број на невработените лица, невработени мажи се 57.9 %, а жени 42.1 %. Бројот на вработени лица бележи зголемување од 0.6 %. Од вкупниот број вработени,  57.8 % се мажи, а 42.2 % се жени. Учеството на неформалната вработеност се намалува. Неформално вработени лица се 90 293, што е за 10.3 % помалу од претходното тримесечје. Најголем број неформално вработени лица, 45.9 %, има во секторот Земјоделство, шумарство и рибарство и 16.9 % во секторот Градежништво.“

Секоја година средствата која државата ги обезбедува за раст на вработеноста во земјава се зглемуваат. За годинава тие изнесуваат 42 милиони евра. Мерки за вработување има за немколку категории на граѓани, како и солидни средства кои дравата ги дава за отпочнување на сопствен бизнис.

„Буџетот за мерките е зголемен за 1,6 милиони евра во однос на Оперативен план за вработување од 2025та. Од сите мерки, најголем интерес има за оние што се наменети за млади до 29 години. Нивното учество е 86,5 проценти, а жени се 40 отсто. Програмите за самовработување, обуки и практикантство остануваат најпривлечни и најмасовни, што укажува на растечки интерес за активно вклучување во пазарот на труд. Сепак, дел од пилот-мерките (особено во делот на ИТ и основни вештини) сè уште се во рана фаза и ќе треба дополнително да се засилат процесите на селекција и јавни набавки за нивна целосна реализација“, велат од министерството за економија.

И додека македонското стопанство кубири со работоспособен и квалификуван кадар, бизнисмените се принудени чарето да го бараат преку увоз на работници кои се почесто можат да се забележат во услужните дејности, во градежниот сектор и во слични индустрии.