Mint FinTech Group добитник на наградата за најголем ребрендинг раст во 2024 година
Актуелно

Mint FinTech Group добитник на наградата за најголем ребрендинг раст во 2024 година

4/25/2025

На свечениот настан што се одржа на 16 април во Хотел Лимак во Скопје, во организација на Vrabotuvanje.com, беа доделени признанија за најуспешните компании и професионалци во различни категории.

 Наградата за „Компанија со најголем ребрендинг раст во 2024“ и беше доделена на компанијата Mint FinTech Group.

Ова признание не е само за нов визуелен идентитет, туку за целосна трансформација на брендот – одвнатре кон надвор. Компанијата успешно го смени не само изгледот, туку и тонот, културата и комуникацискиот пристап, при што вработените ја препознаа и прифатија новата енергија како своја.

„Некогаш менуваме боја. Овојпат – си го сменивме пулсот,“ наведуваат од Mint FinTech Group во своето обраќање.

Од компанијата истакнуваат дека вистинската трансформација не се гледа само на билборди или во реклами, туку во секојдневната комуникација, состаноците, во начинот на работа – и токму затоа, оваа награда им припаѓа на сите членови на тимот.

HR менаџерот на Mint FinTech Group, Бујар Драла, изјави: 

Кога културата и вредностите се живеат – тогаш и промените добиваат душа.“

Особено признание беше упатено до маркетинг тимот на компанијата, кој ја предводеше промената од концепт до целосна имплементација, обезбедувајќи конзистентност низ сите комуникациски канали и градејќи визуелен и емотивен идентитет кој ги одразува новите цели и вредности на брендот.