Цените  на становите скокнаа за 75% за четири години а пак се гради!
Актуелно

Цените на становите скокнаа за 75% за четири години а пак се гради!

8/14/2025

Kвадрат во Охрид и до 4.000 евра,

И покрај рекордните цени, градежниот бум не запира. Само во мај годинава издадени се 469 дозволи за градба – зголемување од 80% во споредба со истиот месец лани. Планирана е изградба на над 1.000 станови со вкупна површина од 90.000 квадратни метри, најмногу во Скопје и Тетово.

Според податоците на Народната банка, во последните 12 месеци цените на становите пораснале за 22,3%, а од 2021 до денес – за 75%. Во некои делови на Охрид, цената на квадратот достигнува и 4.000 евра, што е рамно на луксузните зони во европските метрополи.

Пописот од 2021 година откри дека во Скопје има речиси 60.000 празни станови, а за четири години се изградени уште илјадници. Експертите предупредуваат дека големата побарувачка и готовинските плаќања го одржуваат трендот на раст на цените, без знаци на забавување.

Ако ви се чини скапо купете си викендичка во Грција еве како- ТУКА ПРОЧИТАЈ