Владата информираше дека попустот на горивата ќе продолжи и во наредниот период, односно до 18 мај 2026 година, по разговорите со компанијата OKTA, со цел да се ублажат ценовните притисоци врз граѓаните и стопанството.
Станува збор за мерка со која и понатаму ќе се обезбедуваат пониски малопродажни цени на горивата.
Според информациите, попустот останува:
⛽ 3 денари по литар за дизел горивото
⛽ 2 денари по литар за бензините од 95 и 98 октани
Од Владата посочуваат дека мерката е дел од напорите за заштита на стандардот на граѓаните и поддршка на домашната економија во услови на ценовни предизвици.
Попустот ќе важи заклучно со 18 мај 2026 година.
