Утре започнува уписот во средно образование во учебната 2025-2026 година
Актуелно

Утре започнува уписот во средно образование во учебната 2025-2026 година

6/13/2025

Министерството за образование и наука потсетува дека утре започнуваат уписите во средните училишта во учебната 2025-2026 година.

Пријавувањето е електронски и се спроведува преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, каде учениците се најавуваат со сопствените кориснички сметки на schools.mk.

Првото пријавување трае од 14 до 17 јуни, а второто е на 30 јуни.

Конечните ранг листи по двете пријавувања, училиштата ќе ги објават на 2 јули.

Како и во изминатите учебни години, учениците ќе треба да достават хартиени документи до училиштата, а се прават напори од следната година процесот целосно да се дигитализира. 

Извор: mk.tv21.tv