Инфлацијата повторно расте – услугите поскапеле и до 25%
Актуелно

Инфлацијата повторно расте – услугите поскапеле и до 25%

8/11/2025

Има ли решение?

Владата сè уште ги анализира сите фактори кои придонесуваат за растот на инфлацијата, со цел да донесе трајни, а не краткорочни и популистички мерки. Според премиерот, најголем генератор на поскапувањата во јули се услугите, особено ресторанските и транспортните, чиј раст изнесува меѓу 24 и 25 проценти во споредба со истиот месец лани. Зголемување има и кај цените на овошјето, како јаболки, банани и лимони.

Инфлацијата во јули изнесува 4,8 проценти на годишно и 1,1 процент на месечно ниво, а најмногу е поттикната од поскапувањата кај транспортот, рекреацијата, културата и угостителските услуги. Владата планира до септември да ја спроведе мерката „училишна кошничка“ како привремено решение, додека трајниот пакет мерки ќе биде објавен по завршување на анализите.

Премиерот потсети дека ограничувањето на маржите досега не дало траен ефект, туку цените се прелеале во следните месеци. Истовремено, извозот во првите шест месеци од годинава е зголемен за 2,9 проценти, додека увозот за 2,3 проценти, што придонело за намалување на трговскиот дефицит.