Следуваат дождливи и постудени денови: Во вторник се очекуваат обилни врнежи
Актуелно

Следуваат дождливи и постудени денови: Во вторник се очекуваат обилни врнежи

11/1/2026

Македонија во наредните денови ќе биде под влијание на циклонска активност, која ќе донесе облачно, дождливо и постудено време. Најинтензивни врнежи се очекуваат во вторник, кога на повеќе места ќе наврнат над 25 литри дожд на квадратен метар.

Денеска времето ќе биде претежно облачно, со повремени врнежи од дожд, кои на одредени места ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Утринските температури ќе се движат од 7 до 11 степени, додека дневните ќе достигнат од 11 до 15 степени.

Во Скопје се очекува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, особено во попладневните и вечерните часови. Ќе дува слаб северен ветер, а температурата ќе се движи од 9 до 14 степени.

Во вторник најобилни врнежи

Според временската прогноза, нестабилните временски услови ќе продолжат до вторник, со повремени врнежи од дожд со различен интензитет.

Најобилни врнежи се очекуваат во вторник, кога на повеќе места може да наврнат над 25 литри дожд на квадратен метар за 24 часа.

Локално, вкупната количина на врнежи во текот на целиот прогнозен период може да надмине и 60 литри на квадратен метар.

Од среда стабилизирање на времето

По неколкудневниот дождлив период, од среда се очекува постепено стабилизирање на временските услови.

Според најавите, во деновите што следуваат се очекува намалување на врнежите и постабилно време.