С-Маркет е компанија со повеќе од 40 години традиција, препознатлива по квалитетната услуга, богатата понуда и посветеноста кон своите потрошувачи. Денес успешно управува со маркети, ресторан, фурна и сопствено производство на бели печива и слатки, а зад секој успех стои тим од професионалци кои секојдневно придонесуваат за развојот на брендот.
Доколку си креативна, организирана и амбициозна личност која знае како да создаде препознатлив бренд и ефективна маркетинг комуникација, тогаш ова е можност за тебе!
Маркетинг менаџер
линк за повеќе детали и аплицирање
Потребни квалификации:
✔ Работно искуство во маркетинг
✔ Комуникациски и организациски способности
✔ Одговорност и професионален пристап
✔ Познавање на социјални медиуми ќе се смета за предност
Нудиме:
✔ Плата по договор
✔ Пријатна работна средина
✔ Можност за професионален развој
✔ Долгорочна соработка
Доколку сакаш да бидеш дел од успешна компанија која континуирано расте и се развива, аплицирај и придружи се на тимот на С-Маркет!
