Евро банкнотите од 5, 10, 20, 50, 100, 200 и 500 евра остануваат да важат неограничено
Актуелно

Евро банкнотите од 5, 10, 20, 50, 100, 200 и 500 евра остануваат да важат неограничено

5/9/2025

Старата евро хартија и понатаму важи – важна објава од НБРСМ

Евро банкнотите од 5, 10, 20, 50, 100, 200 и 500 евра остануваат да важат неограничено.

„Банкнотите од 5 евра, 10 евра, 20 евра, 50 евра, 100 евра, 200 евра и 500 евра се законско средство за плаќање и секогаш ќе ја задржат својата вредност без разлика кога се издадени.

Евро банкнотите од првата серија не се печатат повеќе, но продолжуваат да важат сè додека не бидат заменети со банкноти од втора серија, стои во објавата на социјалната мрежа Фејсбук на Народната банка.

Извор: biznisinfo.mk