Дали ова е совршена земја за живеење?
Актуелно

Дали ова е совршена земја за живеење?

4/18/2025

Постојат места на светот кои не мора да ги барате – тие самите ве наоѓаат. Места каде денот почнува со мирис на сол и сонце, а завршува со тишината на брановите и светлината на небото. Грција не е само дестинација. Таа е чувство, поглед, допир. Момент што го паметите засекогаш.

Според годишниот извештај на магазинот U.S. News & World Report, Грција на крајот на 2023 година беше прогласена за земја со најпријатна клима во светот. Оваа листа, позната како „Најдобри земји“ („Best Countries“), веќе осма година по ред ги оценува државите низ светот врз основа на перцепциите на повеќе од 17.000 испитаници, кои ги рангирале 87 држави според дури 73 различни критериуми. Еден од клучните фактори бил и квалитетот и пријатноста на климата, пренесува TU.

Сончева, топла и совршена
Летните месеци во Грција се чисто совршенство. Во Атина, како и на островите како Крит, температурите се движат од 27°C до 35°C, а сонцето речиси секој ден сјае. Атина бележи повеќе од 300 сончеви денови годишно, што ја прави идеална дестинација за љубителите на топлото време.

Но она што навистина ја издвојува Грција е умерената клима во текот на целата година. Дури и во јануари, просечната температура во Атина е околу 9°C – доволно студено за да се почувствува зимата, но далеку од екстремни минуси и снежни бури.

?? Грција е и културен и авантуристички рај
Освен пријатната клима, Грција се истакна и во други категории: го зазеде второто место по културно наследство и третото место како дестинација за авантуристички туризам. Комбинацијата од блага клима, богата историја и спектакуларни предели ја прави Грција уникатен избор за одмор.

Ако сепак барате алтернатива, во истиот извештај Португалија го зазеде второто место според пријатноста на климата, а следни на листата топ 10 беа: Шпанија, Бразил, Италија, Нов Зеланд, Мексико, Костарика, Аргентина и Австралија.

Значи, ако ви е доста од снежни виулици, ниски температури и мрачни денови – знаете каде да одите. Грција ве чека со сонце, топлина и насмевка.
Која земја според вас е идеална за живеење?