ССМ бара работа на определено само до една година и породилно отстуство од 12 месеци

ССМ бара работа на определено само до една година и породилно отстуство од 12 месеци

6/3/2021

На средбата било договорено и со колективен договор здравствените работници да можат да користат годишен одмор до 36 дена.

Договорите за работа на определено време да не траат подолго од една година, породилното отсуство да трае најмалку 12 месеци, Ковид-19 да се третира како професионално заболување и да се иплаќа цела плата, како и укинување на членот од законот кој овозможува работодавачот да ангажира работник да работи прекувремено три месеци, а за тоа да не му плати, се црвените линии од кои нема да отстапат од ССМ при донесувањето на новиот закон за работни односи.
 

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски, на прес-конференцијата по состанокот со министерката Шахпаска, рече дека на работната средба разговарале за спорните прашања за кои со работодавачите не успеале да постигнат договор, но оти имаат оддршка од МТСП.

-Бараме договорите за работа на определено време да не траат подолго од една година бидејќи по овој основ за време на ковид-пандемијата изгубивме речиси 70 отсто од работните места, а со тоа оставивме голем број работници без основна егзистенција. По истекот на една година бараме Агенцијата за вработување по автоматизам да го трансформира односот од неопределено во определено време, рече Димовски.

Тој вели дека ќе настојуваат Ковид-19 да се третира како професионална болест, па и во приватните фирми тие што ќе одат во изолација или самоизолација да добиваат 100 отсто од платата, а не 70 како да се на боледување.

На средбата било договорено и со колективен договор здравствените работници да можат да користат годишен одмор до 36 дена.

Целиот текст на Слободен Печат