Новата авионска врска треба да им овозможи на патниците побрз пристап до едно од најпопуларните летувалишта во Црна Гора, но и да ја поттикне туристичката размена и деловната соработка меѓу двете земји.
Линијата ја најави министерот за транспорт Александар Николоски на заедничка прес-конференција со црногорскиот вицепремиер Филип Ивановиќ. Според најавите, договорот е резултат на разговорите за подобрување на авионската поврзаност меѓу Македонија и Црна Гора.
На средбата било договорено и организирање бизнис-форум следната година, на кој ќе учествуваат компании од двете земји.
