Повеќе градови од Македонија синоќа со значително загаден воздух - најзагадено во Кавадарци, Струмица и Тетово
Актуелно

Повеќе градови од Македонија синоќа со значително загаден воздух - најзагадено во Кавадарци, Струмица и Тетово

12/18/2025

Како во изминатите денови, како и синоќа, воздухот во повеќе македонски градови беше значително загаден, до ниво кое се смета за „екстремно нездраво“ и „опасно“.

Околу 20 часот, вредноста на AQI-индексот била највисока во Кавадарци (352), Струмица (339) и во Тетово (338).

Особено се високи концентрациите на опасните ПМ2,5-честички, а вредностите се и 20 пати повисоки од максимално дозволените. Ова, според Светската здравствена организација, е загадување кое може да предизвика проблеми и кај целосно здрави луѓе.

Хронично болните и луѓето кои веќе имаат какви било респираторни заболувања во вакви услови би морале да останат во затворен простор.

Инаку, вчера утрината Скопје беше втор најзагаден град во Европа.

Извор: skopjeinfo.mk