Над 3.200 пријави од невработени лица за мерката самовработување
Актуелно

Над 3.200 пријави од невработени лица за мерката самовработување

6/17/2025

Над 3.200 пријави од невработени лица за мерката самовработување имаме досега, информираше заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески. Тој беше во работна посета на општина Неготино, пред присутни заинтересирани, беше презентиран оперативниот план за вработување.

Заменик министерот рече дека сака да ги охрабри, посебно младите лица до 29 години, но и сите други невработени лица, да го искористат периодот за аплицирање за една од најпопуларните и најатрактивните мерки, самовработувањето. Оваа мерка ќе трае до петок.

Објавени се три огласи од Оперативниот план за вработување, наменети за самовработување на лица. Поддршка за самовработување на лица над 29 години, со финансиска поддршка за 610 лица до 430.500 денари (7.000 евра), поддршка за самовработување за млади лица до 29 години со финансиска поддршка за 720 лица до 615.000 денари (10.000 евра), самовработување во партнерство (регистрација како ДОО со 2 лица), со финансиска поддршка од 861.000 денари до 1.230.000 денари за 400 лица вработени во ново-основани правни субјекти, од кои 220 лица до 29 години. За сите кои ќе добијат средства, се предвидени обука за „Претприемништво и развивање на бизнис вештини – Ваучер систем за изработка на бизнис план и поддршка при регистрирање на бизнисите.

Крајниот рок за аплицирање по овие јавни повици е до 20 јуни 2025 година.

Целиот текст прочитајте го на: biznisinfo.mk