Практично знаење што можете да го стекнете за помалку од еден час
Актуелно

Практично знаење што можете да го стекнете за помалку од еден час

11/19/2025

Колку пати сте помислиле дека животот би бил полесен, а работата многу поедноставна доколку знаете да направите добра Excel-табела, да подготвите јасна презентација или подобро да се организирате? Добар дел од работниот ден се сведува токму на вакви задачи, а нивното совладување го намалува стресот и ви дава чувство на контрола.

Проблемот е што многумина мислат дека за учење нови вештини е потребно многу време и дека закажувањето часови е комплицирано. Сепак, во Кројачката школа се креирани онлајн курсеви што траат помалку од еден час, а нудат знаење што можете веднаш да го примените – без разлика дали ви треба за напредување или за барање нова работа.

Овие курсеви се практични, јасни и поделени во кратки лекции кои лесно се вклопуваат во вашиот распоред. Можете да ги слушате додека пиете кафе, на пауза или навечер, кога ќе одвоите малку време за учење.

Правење презентација – (40 минути)

Презентацијата не се состои само од убави слајдови. Таа е можност јасно и убедливо да ја пренесете вашата идеја. На овој курс ќе научите како да изградите добра структура, како да го поврзете содржајот и како да користите визуелни елементи за да оставите силен впечаток.

Стекнатото знаење ќе ви биде корисно за подготвување професионална презентација за интервју, состанок или било која ситуација кога треба најдобро да се претставите.

Ефективно водење состаноци – (45 минути)

Состаноците често знаат да одземат време, а да не донесат резултати. На овој курс ќе научите како да се подготвите, како да го водите разговорот така што сите учесници да придонесат, и како да завршите со јасни заклучоци и задачи.
Ова знаење покажува дека знаете да управувате со тим и процес — вештина што многу се цени во работната средина.

Time Management – (40 минути)

Времето е ограничен ресурс – затоа е клучно да разликувате што е итно, а што навистина важно. Курсот ве води низ практични техники за планирање, приоретизација и балансирање на обврски.

Стекнатите вештини ќе ви помогнат подобро да го организирате работниот ден, да ги исполнувате роковите без стрес и да работите поефикасно.

Основи на Excel – (55 минути)

Excel е еден од најбараните алати во модерното работење. На курсот ќе научите работа со табели, внес и обработка на податоци, основни формули и функции и изработка на едноставни анализи.

Работодавачите очекуваат кандидати кои го познаваат Excel, а по овај курс ќе имате сигурност да работите самостојно и без потешкотии.

Основи на Word – (35 минути)

Word не е само за пишување текст. Курсот ве учи како да креирате професионални документи, да користите стилови, форматирање и функции што заштедуваат време.

Ќе бидете подготвени да составите CV, извештај или било кој деловен документ на професионален начин.

HR за 5 минути – (30 минути)

Овој курс дава брз преглед на основните HR процеси: селекција на кандидати, комуникација со вработените и основи на организација на работа.

Ако барате административна, координациона или менаџерска позиција, разбирањето на HR основите ве прави посигурни во комуникацијата со колегите и со работодавачите.

Сите курсеви – со една годишна претплата

За помалку од еден час дневно можете да совладате вештини што се бараат речиси насекаде: комуникација, организација, Excel, Word и основни деловни алати.
Тоа се знаења што ќе ви дадат сигурност на интервју, но и полесен почеток на ново работно место.

Сите овие курсеви се дел од годишната претплата на Кројачката школа, која ви нуди пристап до повеќе од 200 едукации од различни области.

Инвестирајте помалку од еден час дневно во учење и отворете си врата кон нови можности.