Посетителите од Србија им ја продолжуваат сезоната на Дојранчани- известива ТЕЛМА ТВ.Доаѓаат од средината на пролет до почетокот на есента и го раздвижуваат ова погранично место кое живее од туризам. Изнајмуваат сместување, остануваат по еден или повеќе денови и продолжуваат кон Грција-прстојот е краток, но средствата што ги оставаат значат за одржувањето на животот во Дојран.
„Претежно се транзит туристите коишто доаѓаат и транзитираат кон Република Грција, меѓутоа радува фактот што остануваат и подолго и се значаен дел од туризмот во Дојран. Инаку, летната сезона е препознатлива за Дојран, но се трудиме и се стремиме кон туризам што ќе носи туристи во текот на целата година и Дојран се полни и во другите месеци од годината, но сепак викенд туризмот е најзастапен, вели Анго Ангов“, градоначалник на Општина Дојран.
За домашните туристи врвот на сезоната е од втората половина на јули и ќе трае до крајот на август. Минатите години Дојран остваруваше над сто илјади ноќевања во туристичката сезона
