ГЕМАК расте – се отвораат 75 нови работни места низ цела Македонија!
Актуелно

ГЕМАК расте – се отвораат 75 нови работни места низ цела Македонија!

8/27/2025

Гемак Траде, веќе три децении препознатливо име на македонскиот пазар, започнува нова развојна етапа. Со проширување и зајакнување на дистрибутивната мрежа, компанијата најавува 75 нови вработувања во повеќе градови низ целата земја.

Со силно и диверзифицирано портфолио од тутун, пијалаци, храна, непрехранбени производи, како и со ексклузивни партнерства со водечки светски брендови, Гемак се позиционира како еден од најзначајните двигатели на увозот и дистрибуцијата во Македонија.

„Нашата цел не е само да растеме како компанија, туку и да создадеме можности за луѓето. Со ова проширување сакаме да изградиме уште посилен тим кој ќе ја носи нашата визија напред,“ – велат од менаџментот на Гемак.

Новите работни позиции се  отворени во повеќе сектори, со посебен фокус на дистрибуција, продажба, менаџмент, сметководство и човечки ресурси. Вработените ќе имаат можност да бидат дел од динамична и стабилна работна средина која го цени трудот, резултатите и тимскиот дух.

Со оваа инвестиција во нови капацитети и луѓе, Гемак уште еднаш ја потврдува својата посветеност на раст, стабилност и модернизација, носејќи ја својата енергија и визија во сите региони на Македонија.

Гемак Траде е дел од Малиќи Груп – водечка регионална бизнис-групација составена од 12 компании што успешно работат во 5 индустрии (дистрибуција, угостителство, недвижности, прехрана и технологија) низ Македонија, Косово, Албанија и Хрватска.

Доколку сакате и вие да бидете дел од успешната приказна на Гемак – пријавете се на отворените огласи и придружете се на тимот што го гради следното поглавје на нашиот успех.

[Линк до огласи]