ИСЛАНД Е НА ВРВОТ, А МАКЕДОНИЈА НА ДНОТО: Евростат објави дека имаме најнизок животен стандард во Европа
Актуелно

ИСЛАНД Е НА ВРВОТ, А МАКЕДОНИЈА НА ДНОТО: Евростат објави дека имаме најнизок животен стандард во Европа

7/31/2026

Македонија минатата година имала најнизок животен стандард во Европа, според Евростат.

Индексот на Македонија изнесува 49,7, при што просекот на Европската Унија(ЕУ) е поставен на 100. Тоа значи дека реалната потрошувачка по жител во земјата е на околу половина од просекот на ЕУ, што го позиционира македонскиот животен стандард на последното место во споредбата. Податоците покажуваат дека пред Македонија се наоѓаат Турција, Босна и Херцеговина(БиХ), Црна Гора и Србија и Албанија, што ја прави земјата со најниска реална индивидуална потрошувачка во Европа според ова мерење, но се потенцира дека ова се проценети податоци за Македонија.

Исланд е на врвот со индекс од 183,7 (речиси 184 евра за истата кошничка), а зад него се Швајцарија, Луксембург, Данска и Норвешка.