Гучи: 20 милиони евра за новиот директор- може ли да го врати сјајот на луксузниот гигант?
Актуелно

Гучи: 20 милиони евра за новиот директор- може ли да го врати сјајот на луксузниот гигант?

8/9/2025

Неговата основна плата ќе биде 2,2 милиони евра

Лука де Мео, поранешниот шеф на „Рено“, од септември ќе ја предводи легендарната модна куќа „Гучи“, донесувајќи голема надеж и уште поголем „пакет за добредојде“ вреден 20 милиони евра – комбинација од кеш и акции на „Керинг“. Неговата основна плата ќе биде 2,2 милиони евра, а со бонуси може да заработи и до 6,6 милиони евра, ако ги надмине поставените амбициозни цели.

Но, пред Лука стои најтешката задача во светот на луксузот – „Гучи“ се соочува со пад на продажбата и губење на привлечноста, особено кај младата генерација, додека целиот луксузен пазар забавува. По трансформацијата на „Рено“, која го врати производителот на автомобили на патот на раст и профит, сега инвеститорите имаат големи очекувања дека де Мео ќе ја направи истата магија и во модната индустрија.

Откако беше најавена неговата номинација во јуни, акциите на „Керинг“ пораснаа за над 25%, што ја покажува довербата на пазарот во неговиот потенцијал.

Сепак, прашањето останува: дали Лука де Мео ќе успее да го обнови сјајот на „Гучи“