Рачната работа, некогашна гордост на секој македонски дом, денес е тешко да се продаде. На интернет огласите во Македонија нудат милјеа за 800, 1.000 или 4.000 денари, гоблени од 3.000 до 20.000 денари и таписерии што достигнуваат и до 20.000 денари. Но, интересот е речиси замрено.
„Имам десетици милјеа, ги изработиле постарите. Стојат во фиока, убави се, ама никој не ги бара. Сакам да ги продам, но пазарот не реагира“, вели велешанка.
Скопјанец сведочи дека таписериите полесно се продаваат – ги бараат етно-кафеани и ресторани. Но, за гоблените вели: „Над 10 имам дома, ама никој не се јавува, само прашуваат за цена.“
Некои огласувачи нудат цели колекции – по 30, 50 или 100 парчиња. Дел од нив се стари и по 30 години, но остануваат без сопственици. „Можеби странци ќе ги побараат еден ден“, додава скопјанка.
Интересно е што во Хрватска, истите овие ракотворби се продаваат и до 1.000 евра. На страницата Njuškalо, на пример, има оглас за гоблен од 1000 евра, додека помали милјеа таму се нудат за 300 евра.
Кај нас пак, во некои огласи пишува: „Попуст за оној што ќе го земе целиот комплет.“
Гест што зборува дека овие ракотворби денес повеќе вредат како спомен од бабино време, отколку како реален производ.
