Македонскиот зелник на 11-то место во светот на листата на најдобри печива
Актуелно

Македонскиот зелник на 11-то место во светот на листата на најдобри печива

8/29/2025

Гастрономската платформа TasteAtlas ја објави својата листа на најдобрите печива во светот

Гастрономската платформа TasteAtlas ја објави својата листа на најдобрите печива во светот, каде македонскиот зелник се најде на впечатливо 11-то место, со висока оценка од 4,4. На самиот врв на листата се најдоа мантиите од српскиот град Нови Пазар, додека на второто место е босанскиот бурек.

Во официјалното објаснување, TasteAtlas ја опишува македонската традиционална пита:

„Зелник е традиционална македонска пита која може да се подготви со најразлични состојки – сирење, спанаќ, јајца, месо, праз или зелка. За најдобар резултат, зелникот пред печење се премачкува со путер и масло, за да добие златно-кафеава кора.“

Дополнително, експертите од TasteAtlas препорачуваат зелникот да се служи топол и да се комбинира со чаша јогурт за целосно гурманско доживување. 

Извор: skopjeinfo.mk