Општините на грчките острови, потпомогнати од Министерството за здравство, ги отворија кесите. Новите вработени не добиваат само плата – за нив се обезбедени бесплатно сместување, покриени трошоци за храна, платени сметки за комуналии и патни трошоци. На елитните дестинации како Миконос и Иос, лекарите добиваат готови станови, додека на островот Порос се делат дополнителни месечни бонуси само за да се пополнат празните амбуланти.
За ситуацијата да биде уште поневеројатна, во игра влезе и приватниот сектор. Фондацијата „Стелиос Хаџиојану“ објави дека ќе исплаќа по 1.500 евра дополнително секој месец на 80 лекари кои ќе прифатат работа на 47 различни острови. Овој неверојатен стимул е загарантиран за следните седум години, што е јасен сигнал колку е алармантна состојбата со здравството во Грција.
Целта на овој „медицински Елдорадо“ е да се спречи колапсот на здравствениот систем. Властите не сакаат лекари само за туристите, туку стабилна грижа за локалното население во текот на целата година. Додека островите како Милос и Оинусес нудат целосни работни пакети, прашањето останува: Дали парите и морето се доволни за да се пополни празнината во белите мантили?
