На настанот „Работодавач на годината за 2025“ што се одржа на 16.04, гордо ги прославивме компаниите што оставија најсилен впечаток кај македонските граѓани.
Но, посебно значење имаат и доделувачите на наградите – докажани професионалци, влијателни лидери и луѓе кои имаат што да кажат во своите индустрии. Вистинска чест е што токму тие ги предадоа признанијата.
Искрено им се заблагодаруваме на нашите специјални гости и доделувачи на наградите кои со своето присуство и инспиративни зборови го направија настанот уште по посебен.
Огромна и најискрена благодарност до:
1. Синиша Комненовиќ – Регионален Директор на Alma Career South и директор на MojPosao – Хрватска.

2. Трајче Спасевски – човекот чија компанија (Optimum Creative Solutions) стои зад кративните решенија на најпородаваните куфери на Samsonite.

3. Стефан Јовановски – Маркетинг и ПР на Порше Македонија.

4. Горан Антевски – Директор на Раде Кончар ТЕП.

5. Бесник Адеми – Директор на Еко Флуид, или човекот кој се грижи за управување со отпадни масла и чија цел е освестување и грижа за нашата заедничка иднина.

6. Душан Пецовски – Генерален Директор на Реплек.

7. Горан Гроздоски – ланскиот добитник за најдобра employer branding кампања од Мотоцентар.

8. Марјан Вучковиќ – Раководител за корпоративен маркетинг / лидер за стратегија на бренд и раст во МИНТ ФИНТЕК ГРУПАЦИЈАТА.

9. Дарко Мирковиќ – мотивациски говорник, бизнис ментор и претприемач кој им помага на луѓето и компаниите да постигнат реален раст и подобрување.

10. Дарко Велков – основач на Vrabotuvanje. com.mk / Генерален Директор на Алма Кариер Македонија.

