Половина од недвижнините во Македонија се плаќаат во кеш
Актуелно

Половина од недвижнините во Македонија се плаќаат во кеш

8/14/2025

Луѓето не земаат кредит веќе

Пред пандемијата, во 2019 година, дури 65% од становите и куќите се купуваа на кредит, а остатокот со готовина. Денес, односот е 50–50, што значи дека половина од недвижнините се плаќаат во кеш. Народната банка предупредува дека дел од средствата се од заштеди или приливи од странство, но постојат и сериозни индикации за пари од сивата економија.

Гувернерот Славески истакнува дека покрај банкарските заеми за купувачи, внимание треба да се обрне и на кредитите кон изведувачите, бидејќи дел од плаќањата на материјали и плати на вработените се вршат во готово. Тој додава дека во дел од случаите младата ИТ генерација што работи за странски клиенти прима пари на сметки во странство, потоа подига кеш и го внесува во земјата.

Финансиската полиција и УЈП најавуваат засилени контроли во градежниот сектор – ќе се проверуваат продажби со нереално ниски цени, непријавени вработувања, договори што кршат даночни правила и сомнителни трансакции. Целта е да се спречи перење пари и злоупотреба на формално легални бизниси за финансирање на незаконски стекнати средства.