Фобиите претставуваат ирационален страв од појави или предмети кои во реалноста не можат да ни наштетат.
Иако чувството на страв е природен одбранбен механизам кога сме во опасност, луѓето со фобија чувствуваат силна анксиозност дури и кога нивниот живот не е загрозен.
Лице кое има фобија што го нарушува секојдневието, треба да размисли за стручно лекување, без разлика колку чудна или неочекувана таа фобија изгледа.
ANATIDAEPHOBIA – страв дека патка ве набљудува
Иако на прв поглед звучи смешно, стравот дека патка постојано ве гледа спаѓа во пошироката категорија на страв од птици.
Многумина не ја признаваат оваа фобија, бидејќи првпат се појавила во стрип на Гери Ларсон, каде што човек седи во канцеларија додека го набљудува патка.
Како и другите животински фобии, и оваа најчесто потекнува од негативно искуство со предметот на стравот – во овој случај, патки или гуски.

PLUTOPHOBIA – страв од пари
Многу луѓе сонуваат да станат богати – но не и оние кои страдаат од плутофобија.
За нив, секој контакт со пари е извор на стрес, а самата идеја да станат богати предизвикува паника.
Плутофобичарите често несвесно си ги саботираат кариерите за да не се доведат во ситуација да се збогатат.
POGONOPHOBIA – страв од бради
Додека многу мажи посветуваат време и грижа на својата брада, не се ни свесни дека кај некои луѓе брадата предизвикува анксиозен напад.
Луѓето со оваа фобија ја поврзуваат брадата со несигурност во идентитетот, недостиг на хигиена или непријатно минато искуство со брадаст човек.
TUROPHOBIA – страв од сирење
Сирењето – задолжителен дел во многу јадења – за некои луѓе е вистински извор на страв.
Турофобијата значително го нарушува квалитетот на живот, особено кај оние кои работат во прехранбената индустрија.
Често е поврзана со социјална анксиозност, бидејќи луѓето почнуваат да се плашат од дружења каде што има храна – а со тоа и сирење.

HIPPOPOTOMONSTROSESKVIPEDALIOPHOBIA – страв од долги зборови
Понекогаш скратено сесквипедалофобија, ова е иронично – најдолгиот збор во речникот што означува страв од долги зборови.
Најчесто се јавува кај луѓе кои како деца имале непријатно искуство со читање наглас.
Симптомите се слични на паничен напад: забрзано чукање на срцето, потење, болка во градите…
XANTHOPHOBIA – страв од жолта боја
Не е јасно колку се чести фобиите поврзани со бои, но се сметаат за ретки.
Луѓето кои страдаат од ксантoфобија ја избегнуваат жолтата боја во секојдневието – од предмети до храна со оваа боја.
