Европа зафатена од првиот топлотен бран годинава: Македонија спасена од екстремни горештини
Актуелно

Европа зафатена од првиот топлотен бран годинава: Македонија спасена од екстремни горештини

5/25/2026

Деновиве голем дел од Европскиот Континет го зафаќа првиот голем топол бран за оваа сезона. Температурите во следните денови во голем дел од Европа ќе надминуваат 30 степени а на повеќето места тие ќе се искачат и близу 35 степени.

Локално низ Европа температурите ќе надминат и 35 степени, особено во западна и во југозападна Европа.

Како што претходно кажав и најавив овој топол бран во голем дел од Европа ќе се задржи и во следните денови.

Кај нас во Македонија температурите ќе бидат далеку пониски и попријатни, иако и кај нас температурите во следните неколку денови ќе бележат тенденција на пораст, но како што кажав, многу високи температури кај нас во Македонија нема да има.

Извор: vecer.press