Како да го прославите Денот на вљубените според хороскопскиот знак на партнерот?
Актуелно

Како да го прославите Денот на вљубените според хороскопскиот знак на партнерот?

2/12/2026

Љубовта нема универзален рецепт. За некои е адреналин, за други – тивка прегратка под ќебе.

Ако 14 февруари е мал тест за тоа колку добро го познавате партнерот, еве како секој знак навистина сака да го доживее.

Ако сè уште не сте испланирале совршен подарок или совршена вечер со партнерот по повод Денот на вљубените, неговиот или нејзиниот хороскопски знак може да да ви помогне.

Врз основа на нивните карактеристики може да се предвиди како тие би сакале да го поминат денот, а врз основа на тоа можете и да испланирате што ќе правите:

Овен

Заборавете на мирна вечера со свеќи.

Овенот сака акција: лизгање, картинг, куглање, па дури и спонтано патување до друг град.

Колку повеќе адреналин – толку повеќе страст.

Бик

Бикот сака уживање со сите сетила.

Романтична вечера со три јадења и десерт е полн погодок.

Спа-вечер дома или подарок што е и практичен и луксузен? Совршено.

Близнаци

Кај нив најважно е да не им е здодевно.

Обожаваат пораки полни со хумор, изненадувања, можеби дури и мала „игра“ со траги низ градот.

Ако сакате да поминете прекрасна вечер треба да ја запомните нивната најважна равенка за добро поминато време: интелектуална забава + добра атмосфера = победа.

Рак

Најсентименталниот знак.

Ракот ќе се стопи од рачно напишано писмо, албум со заеднички фотографии или мирна вечер со чај и омилен филм.

За претставниците на овој знак искреноста е сè и што и да правите испланирајте да ја задоволите таа нивна потреба.

Лав

Лавот сака спектакл.

Резервација во елегантен ресторан, драматична изјава на љубов или нешто што ќе ги натера сите да се свртат.

Подарокот мора да блеска – исто како и тој и да биде одлично презентиран за да може со него да се пофали на социјалните мрежи.

Девица

Девицата сака внимание кон детали.

Подарок што навистина ѝ треба – книга, ваучер, технолошки гаџет.

Идеалната вечер за неа е вечер без хаос, без непланирани изненадувања. Едноставно, но совршено организирано.

Вага

Естетика, хармонија, романтика.

Испланирајте вечера на покрив со поглед, прошетка низ убаво осветлени улици или маса во омиленото бистро.

Сè мора да изгледа – и да се чувствува – магично.

Скорпија

Мистерија и длабочина.

Подгответе мала љубовна „потрага по подарокот“, таинствена порака или подарок со скриено значење.

 А вечерта? Долг, искрен разговор што ќе допре до најдлабоките емоции.

Стрелец

Планирате класична вечера? За нив тоа е премногу предвидливо.

Стрелецот сака авантура – мини патување, концерт, танцување до зори.

Денот треба да биде приказна што ќе ја раскажувате со години.

Јарец

Традиција со стил.

Фино место, квалитетно вино, внимателно избран подарок.

Најубаво ќе се чувствуваат во состанок организиран без претерување, без драма – само достоинствена, зрела романтика.

Водолија

Баналноста ја убива магијата.

Наместо цвеќе подарете им нешто уникатно.

Наместо ресторан подарете им ѕвездено небо и термос со какао.

Водолијата сака необични моменти што не се повторуваат.

Риби

Тие се сонувачи и романтичари, кои обожаваат вечер исполнета со свеќи, музика, нежни признанија.

Испланирајте заедно да отидете во театар, да изгледате некој омилен филм или да посетите некоја креативна активност заедно – цртање, пишување, музика.

Љубовта за нив треба да биде поезија.

Извор: zenskimagazin.faktor.mk