Се најавуваат дожд, грмежи и пад на температурите во наредните денови
Актуелно

Се најавуваат дожд, грмежи и пад на температурите во наредните денови

9/9/2026

Во наредните денови се очекува промена на временските услови, а за време на викендот се најавуваат врнежи, грмежи и значително намалување на дневните температури.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Во попладневните часови на одредени места ќе има услови за развој на нестабилна облачност, која може да донесе пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во Скопје се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност, а ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринските температури ќе се движат од 12 до 17 степени, додека максималните дневни температури ќе достигнат од 29 до 35 степени Целзиусови.

Во петок ќе се задржи сончево и топло време, но за време на викендот се очекува промена. Под влијание на циклонска активност ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд.

На локално ниво врнежите може да бидат поројни и пообилни, а на места ќе бидат придружени со грмежи и засилен северен ветер.

Од сабота се очекува и значително опаѓање на дневните температури.