„Плата по договор“? Апликантите имаат јасна порака: Не ни го трошете времето!
Актуелно

„Плата по договор“? Апликантите имаат јасна порака: Не ни го трошете времето!

7/28/2025

Граѓаните се децидни: нема веќе трпение за „маркентиншки замотани“ огласи без конкретни бројки. Во време на инфлација и економска несигурност, платата не е бонус-информација – туку суштинска.

Повеќе од 290 коментари под еден единствен пост на Vrabotuvanje.com.mk се доволни за да се слушне гласот на народот: „плата по договор“ повеќе не проаѓа. Напротив – станува симбол за понижување, недоверба и манипулација така барем ја доживуваат оние кои ги гледаат огласите

„Штом не ја пишуваат – значи е мизерна“. - напишал еден од засегнатите.

Граѓаните се децидни: нема веќе трпение за „маркентиншки замотани“ огласи без конкретни бројки. Во време на инфлација и економска несигурност, платата не е бонус-информација – туку суштинска.

„Оглас без плата е како производ без цена.“

Оние што ја сокриваат, според коментарите, имаат само една причина:
Ако е добра – ја кажуваат со гордост. Ако се крие – знаеш дека е беда.

Некои веруваат дека станува збор за стратегија – да се фати најнаивниот. Други – дека ваквите огласи се „ради реда“. А трети ја обвинуваат системската манипулација:

„Прво те прелажуваат со висока сума, па првиот месец кеш, вториот – минималец на трансакциска, третиот – отказ.“

Фразата: „Дојди на разговор – па ќе ти кажеме“ веќе е манипулација од највисок ранг.

Кандидатите не молат – бараат фер однос

„Како што во CV морам да напишам јазици, вештини и искуство – така и вие напишете плата, смени, услови.“

Некои дури бараат законски измени, други пак – компаниите што не ја наведуваат платата да бидат директно одбиени од платформата Vrabotuvanje.com

Не ги објавувајте вакви огласи. Тоа е губење време за сите.“
„Секој што плаќа под 40.000 денари – нека си ја затвори фирмата.“

Малку хумор, многу гнев

Коментарите не се само гневни – има и сарказам:

„Плата по договор? Зависи каква овца ќе најдат – така ќе ја стрижат.“
Кога ке објавите оглас со Плата по договор-„Прво помислуваме да ви удриме ќотек, па после ништо.“

И што сега?

Пораката е јасна: работниците стануваат погласни, поискусни и поинформирани.
Ова не е напад врз фирмите – туку повик за транспарентност.

Компаниите што сакаат квалитетен кадар – ќе мораат да ја сменат праксата. Инаку, ќе останат со празни канцеларии и уште попразни интервјуа- така заклучува еден од коментаторите а на крајот констатацијата

Ако не ја пишува платата – не вреди ниту да го читам ниту да се пријавам...